Макс Верстапен е победник на трката за ГН на Шпанија која денес се возеше на патеката во Барселона. Летечкиот холанѓанец трка од пол-позицијата и без конкуренција беше најдобар на патеката и ја забележа петтата победа оваа сезона, на седмата трка од Ф1 календарот.
Подиумот го комплетира британскиот двоец од Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Во бодови завршија и Перес, Сајнц, Строл, Алонсо, Окон, Жу и Гасли.
Трката беше големо разочарување на возачите на Ферари, бидејќи Сајнц тргна од првиот ред, но на крајот не успеа да стигне до подиум и финишираше на петтата позиција, додека Леклер трката ја заврши на 11-тата позиција и не освои ниту бод.
Речиси половина од возачите не ја завршија трката, бидејќи имаше дури осум откажувања.
Верстапен е лидер во конкуренција на возачи, додека Ред Бул во конкуренција на конструктори со седн триумфи во седум трки.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/06/29311213-1024x683.jpg)