Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео-порака од терасата на Претседателството на Србија од каде порача дека земјата е во тешка геополитичка ситуација.
„Почитувани граѓани, 8:30 часот е, јас сум на терасата на Претседателството на Србија, едно од најубавите во Белград и во целата наша земја, би рекол. Застанав овде намерно за да го видите убав Белград на вода, ова прекрасно место што заедно го изградивме, и покрај сите тешкотии, и покрај сите отпори, и покрај сите притисоци, затоа што кога бевме обединети во желбата да ги туркаме работите напред, да работиме напорно, тогаш успеавме да направиме големи работи“, рече претседателот и продолжи:
„Затоа ги повикувам луѓето да продолжат да работат бидејќи Србија е во тешка геополитичка ситуација, има огромни притисоци околу Косово и Метохија и тие ќе продолжат и некои аутсајдери не ја рушат Србија поради Вучиќ, туку рушат некој Вучиќ поради Србија, затоа што за нив е важно Србија да биде што е можно послаба. Мораме да работиме за да ја направиме Србија посилна, да ја направиме Србија помоќна и затоа во наредните денови ќе продолжам да посетувам различни општини и области во нашата земја , да разговараме со граѓаните, а овде во Претседателството, дури и на оваа тераса, кога ќе се разубави времето почнувајќи од следната недела, повторно ќе ги примам граѓаните на нашата земја, да ги слушнам нивните маки, да ги слушнам нивните проблеми и да се обидеме да работиме уште повеќе и заедно да ги решаваме сите проблеми. Да живее Србија“, порача претседателот Вучиќ во видео пораката.
Вучиќ синоќа објави уште една видео порака, веднаш по завршувањето на протестот „Србија против насилството“.
Во таа порака тој ги повика граѓаните на Србија на обединување, без разлика на разликите.