Реал Мадрид ја објави одлуката на Карим Бензема да го напушти клубот ова лето. Претходно се дозна дека 35-годишниот напаѓач добил понуда од Ал-Итихад од Саудиска Арабија.
Беше објавено дека новиот клуб, Французинот ќе заработи 200 милиони евра за две години.
Матичен клуб на Бензема е Лион. Тој се пресели во Реал Мадрид во 2009 година и за 14 години во клубот освои 25 трофеи, вклучувајќи пет титули во Лигата на шампионите и четири титули во Ла Лига. Во 2022 година Бензема ја доби „Златната топка“.
‼️🇸🇦 Benzema is joining Al-Ittihad — top contract offer of €200m salary per year, reports @berger_pj. pic.twitter.com/yjf4N79nMW
— EuroFoot (@eurofootcom) June 4, 2023
Одигра 647 натпревари, постигна 353 гола и останува вториот најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид. Повеќе од него има само Кристијано Роналдо (450).
Сезонава Карим има 30 гола на 42 натпревари во сите натпреварувања.
Бензема вечерва ќе го одигра последниот натпревар за Реал против вечниот ривал Атлетик Билбао, а неговата проштална прес-конференција е закажана за вторник.