Нејмар се прости од Меси: Брат, не испадна како што се надевавме

Нејмар (31) со порака на Инстаграм се прости од Лионел Меси (35) кој ќе го напушти ПСЖ.

„Брат… Не испадна како што се надевавме, но дадовме сѐ од себе. Задоволство ми беше да играм со тебе уште две години. Среќно во новата фаза од животот, се надевам дека ќе бидеш среќен. Те сакам“, напиша Бразилецот.

Меси одговори: “Ти благодарам, Неј. И покрај се, уживавме повторно да играме и да поминуваме денови заедно. Ти посакувам сѐ најдобро. Иако си голема ѕвезда, ти си убава личност и тоа на крај е најважното нешто.Те сакам многу“.

Во преписката се вклучи и нивниот пријател и соиграч од Барселона, Луис Суарез, кој напиша„ Колку убава порака.Ми беше многу убаво што ве видов повторно заедно, но поубава е љубовта што ја имате еден за друг, секогаш се поддржувате во се! Ве сакам пријатели!

Нејмар дојде во ПСЖ од Барселона во 2017 година за се уште рекордни 222 милиони евра, додека Меси му се приклучи во 2021 година, кога му истече договорот со каталонскиот клуб кој повеќе не можеше да го плати. Со Килијан Мбапе формираа фантастично напаѓачко трио кое не го покажа целиот свој потенцијал.

Тие беа донесени за да ја освојат Лигата на шампионите, долгогодишна желба на катарските сопственици на ПСЖ, но не успеаја, наместо тоа го освоија францускиот шампионат и купот. Заминувањето на Меси е сигурно бидејќи договорот му заврши, додека Нејмар исто така треба да ја продолжи кариерата во друг клуб, најверојатно Манчестер Јунајтед, иако неговиот договор е со важност до летото 2025 година.

Треба да знаете
Последни објави