Србија е апсолутен рекордер и без конкуренција во баскет „3 на 3“ откако шести пат во осим Светски првенства стигнаа до светската титула после победата во финалето во Виена против САД со 21-19.
Србите кои доминираат во баскет перфектно дојдоа до нова круна откако по совршениот скор во групната фаза ги елиминираа домаќините Австрија во четвртфиналето, па Летонија во полуфиналето, а сега САД во финалниот меч, иако во самата завршница влегоа со негатива од три поени.
За Србија светската титула ја обезбедија Дејан Мајсторовиќ за кого ова е петто светско злато, Страхиња Стојачиќ, Михајло Васиќ и Марко Бранковиќ.
САД ги предводеше поранешната колеџ кошаркарска ѕвезда и поранешен НБА играч Џимер Фредет, кој постигна дури пет двојки. Фридет имаше два шута за победа кои не ги искористи, а со вториот топката буквално се шеташе околу обрачот, но не помина низ него. Србите го искористија ова и остварија голема победа.
Со оваа светска титула Србите си обезбедија квалификации за ЛОИ во Париз идната година.
3×3 Basketball Gods exist, and so far like Serbia 🇷🇸#3x3WC pic.twitter.com/QzhbMPZxyt
— FIBA3x3 (@FIBA3x3) June 4, 2023