Новак Ѓоковиќ забележа лесна победа од максимални 3-0 над перуанскиот тенисер Хуан Пабло Вариљас во осминафиналето на Ролан Гарос. Србинот без поголеми проблеми ги доби сите три сета со 6-3, 6-2 и 6-2 и за 119 минути обезбеди пласман помеѓу најдобрите тенисери на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе се сретне против рускиот тенисер Карен Качанов кој беше подобар од италијанецот Лоренцо Сонего.
Откако во третото коло доживеа голем протест од навивачите откако побара лекарска интервенција, истото се случи и денеска.
Од почетокот на мечот Ѓоковиќ не беше добро примен од навивачите, имаше свирежи и протести, а дека тоа многу му пречеше на српскиот кошаркар покажа и неговата реакција во третиот сет. Имено, по една долга размена на топки, бодот го освои Ѓоковиќ откако Вариљас ја испрати топката во мрежата. Во тој момент, српскиот тенисер и се обрати на присутните ставајќи ја раката зад увото и ги повика навивачите да бидат погласни.
Откако навивачите ја разбраа провокацијата на Ѓоковиќ, одговорот беше жесток. Имаше и такви кои му аплаудираа, но имаше уште такви кои го исвиркаа и му замеруваа.
После тоа, Србинот со гестикулација на присутните им покажа да бидат погласни и сето тоа со насмевка на лицето.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/06/29310917-1024x683.jpg)