Амбер Херд, поранешанта сопруга на Џони Деп, размислува за можноста да објави свои мемоари.
Актерката од Danish Girl („Девојката од Данска“), наводно, е подготвена „да ја сподели својата вистина“ со експлозивни сеопфатни мемоари, во кои ќе ги изнесе деталите за својот турбулентен двегодишен брак со Џони Деп и нивната жестока судска битка. Тој ја тужеше за клевета поради авторски текст во „Вашингтон пост“ од 2018 година, во кој таа тврди дека е жртва на семејна злоупотреба.
Извори изјавија за „Радар онлајн.ком“ дека 37-годишната актерка, која сега живее во Мадрид, Шпанија, со својата двегодишна ќерка, ќе бара околу 15 милиони долари за својата приказна и дека е подготвена да проговори откако стана мета на интернет-тролови во текот на минатогодишното судење.
„Амбер нема да биде замолчена. Таа чувствува дека била третирана многу лошо за време на судењето,“ рече инсајдерот. „Таа се чувствува како да е жртва овде.“
Во меѓувреме, Камил Васкез, една од адвокатите на Џони на судењето, неодамна призна дека размислува за пишување книга, делумно за правната битка, но нагласи дека во моментот тоа е само идеја.
Таа изјави за „Пипл“: „Размислувавме за тоа. Бен (од адвокатскиот тим на Деп) и јас се пошегувавме дека треба да напишеме книга заедно, можеби за судењето. Чувствувам дека мојата приказна е можеби половина напишана. Се чувствувам како да има уште многу да се направи.“
„Иако судењето беше значаен дел од мојата кариера… вистинската приказна за тоа која сум јас и мојот пат, има толку многу за да се напише и да се направи.
„Имам наслов на ум. Можеби еден ден.“
Камил и остатокот од адвокатскиот тим на Џони често се во контакт со 59-годишниот актер уште од судењето и планираат да присуствуваат на еден од концертите на неговиот бенд „Холивуд вампајрс“подоцна ова лето.