(Видео) Мост во Индија се урна втор пат за две години

Во индиската држава Бихар дошло до целосно уривање на недовршен мост. Се гради од 2014 година, а за неговата изградба се потрошени повеќе од 200 милиони долари.

Снимен е самиот момент на уривањето на мостот.

Индиските медиуми во понеделникот објавија видео на кое се гледа уривање на мост над реката Ганг. Претставници на државната влада го припишуваат уривањето на мостот на „дизајнерски грешки“ и открија дека делови од него биле „намерно уништени“ по совет од експерти.

Според владиното соопштение, мостот требало да биде готов во 2020 година, а последното ветување на локалните власти било дека конечно ќе биде готов во ноември годинава.

Според медиумите, ова не е прв пат да се урне.

Дел од истиот мост во изградба се урна и на 30 април минатата година. Тогаш како причина за инцидентот беше посочен лабав кабел, но опозицијата обвини за корупција што, како што се сомневаат, довело до употреба на неквалитетни и поевтини градежни материјали.

По уривањето на мостот, едно лице кое било вработено како обезбедување исчезнало, иако власта првично тврдеше дека нема жртви. Телото на исчезнатиот чувар се уште не е пронајдено.

Треба да знаете
Последни објави