Теренски активности на СДСМ „Рамо до рамо, до победа” интензивно течат веќе 2 месеци и продолжуваат и во наредниот период. Денеска рамо до рамо со граѓаните на Прилеп беа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Митко Трајчулески.
-Многу долг и трнлив пат сме изоделе и сите премрежја сме успеале да ги надминеме. Сега како народ, како нација и како држава имаме историска шанса да го продолжиме патот кон Европа и за навек да ги затвориме сите национални и идентитетски прашања. Аманетот на нашите предци, преродбеници, револуционери, борци од НОБ, не повикува на заедичка акција за сигурна македонска иднина, тоа е гласот за Европа, рече Зечевиќ.
Ние и како држава и како народ, мора да бидеме на мапата рамноправни европски држави, рамо до рамо со европските државотворни народи, додаде тој.
-Сами да одлучуваме за себе и за својата иднина, не други да носат одлуки за нас. Да ги браниме и европските вредности ама и македонските национални интереси седнати на големата маса во Брисел. Тоа е современиот македонизам! Затоа е важно да истраеме на вистинскиот, на европскиот пат, да го заокружиме овој процес целосно и до крај. Глас за Европа во Собранието е глас за сигурна македонска иднина, рече Зечевиќ.
Прилеп е дел од нашето македонско наследство, град кој даде истакнати и значајни умови. А јас би рекол – и визионери, потенцираше генералниот секретар на СДСМ.
Од делата и умотвробите на Марко Цепенков, граматиката на Круме Кепески, па сѐ до трајната оставина на кодификаторот на македонскиот јазик, великанот од Небрегово, нашиот Блаже Конески. Плејада борци и народни херои за време на НОБ кои со најскапото нешто, својот живот, се вградија во темелите на современата македонска држава и дадоа придонес во борбата за слобода којашто ја живееме денеска. Реков дека е чест и привилегија да се повикувам на заветот на овие македонски великани, а сега и ќе додадам – и гордост за секој социјалдемократ, рече Зечевиќ.
Затоа и особено во Прилеп, ние, македонските социјалдемократи доаѓаме и говориме со гордост и со високо крената глав, додаде тој.
Ние сме наследниците на делата на партизаните, на Народно ослободителната борба, на АСНОМ, на прогресот! И затоа што СДСМ и во минатото, и сега – во овој исклучително деликатен политички моментум – секогаш била на вистинската страна на историјата! Ние не сме наследници на Ванчо Михајлов, кој бил на погрешната страна на историјата, потенцираше Зечевиќ.
-Конечно, ние сме наследниците на Блаже Конески. Додека тие го нарекуваа „џуџето од Небрегово” ние го исполнивме неговиот аманет. Успеавме да се избориме за нашиот македонскиот јазик, за нашата единствена татковина, да го обезбедиме и да го издигнеме на ниво на јазиците во Европската унија. Македонскиот јазик на рамноправно ниво во големото европско семејство, со сета своја посебност, наследство и богатство. Да – има на што да бидеме горди. СДСМ е катализатор за клучните позитивни промени кои значат заштита и унапредување на македонскиот идентитет., рече Зечевиќ.
СДСМ се грижи за националните интереси, го предводи европскиот концепт, но инвестира и во модерна и квалитетна инфраструктура, рече претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески.
-Во овој регион во тек е голем инвестициски циклус во квалитетна инфраструктирата. Активно веќе се работи на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, и Дреново-Фариш, ја обновивме делницата кај Плетвар, кон езерото, а започна и реализација на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола, како дел од коридорото 10д, рече Трајчулески.