Алиу: Родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на новороденче

Електронски упис на новороденче за издавање извод од матична книга на родените е овозможен преку националниот портал  www.uslugi.gov.mk

-Преку новата услуга родителите сега имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче, без да одат на шалтерите на Управата за водење на матичните книги (УВМК). Аплицирањето преку услугата “eID” од порталот www.uslugi.gov.mk ќе овозможи поднесување на барање за овој извод, лесно и без доцнење, рече министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на промоцијата на новата услуга во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза” – Чаир. 

Алиу порача дека дигитализацијата е единствениот начин да се промени животот на граѓаните и најави дека до крајот на годината ќе се промовираат повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот портал за е-Услуги.

  -Како Министерство работиме напорно за дигитализација и дигитална трансформација на државата, каде што неодамна ја промовиравме „ДигиталнаЕра“- новата платформа на МИОА, која носи зголемување на електронските услуги за граѓаните и администрацијата, рече министерот Алиу. 

Тоа, укажа, ќе значи пократко време и намалени трошоци за добивање на овие услуги, но и зголемување на довербата на граѓаните кон институциите.

На промоцијата на новата услуга присуствуаваа и министерот за здравство, Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на Гинекологија Башким Исмаили.

Треба да знаете
Последни објави