Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во текот на денот ќе има средба со претседателот Александар Вучиќ на која ќе разговараат за подготвителна владина седница на која ќе присуствува и шефот на државата, а од која се очекуваат убави вести за граѓаните. Во пресрет на оваа средба Брнабиќ преку социјалните мрежи објави дека е подготвена да поднесе оставка на местото претседателка на владата, пренесуваат српските медиуми.
-Со оглед на пишувањата на тајкунските медиуми, само да биде јасно – во секој момент сум подготвена, како претседателка на владата, да поднесам оставка и тоа претседателот на Србија го знае и, засега, го одбива, напиша Брнабиќ на Твитер.
-Сакате избори – никаков проблем, секогаш сме за избори, ѝ порача Брнабиќ на опозицијата и додаде дека ѝ останува лојална на Србија.