ДУИ одбележува 21 година од основањето

Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска одбележува 21 година од основањето. Раководството на партијата предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе присуствуваат на традиционалниот годишен настан во Скопје додека фракцијата на партијата организира собир во Тетово.  

Традиционалното одбележување на годишнината од основањето на партијата ќе се одржи во скопскиот хотел Александар Палас. За разлика од други години, овој пат се организира панел дебата насловена „Европски фронт“ на која ќе зборува лидерот на партијата Али Ахмети, а поканети да се обратат се и поранешната министерка Радмила Шекеринска, професорот Петар Арсовски, новинарот Газменд Ајдини, поранешната министерка и градоначалничка на ДУИ Теута Арифи и други.

По дебатата Ахмети ќе им се обрати на членовите на партијата на традиционалниот пригоден коктел. 

Фракционерите на партијата од т.н. Огнена група, 21-годишнина на партијата ќе ја одбележат на одвоен настан кај Центарот за култура во Тетово. 

Треба да знаете
Последни објави