За обесената кукла со ликот на Винисиус четворица навивачи на Атлетико казнети со по 60.000 евра

Шпанските власти ги изрекоја казните за навивачите кои го навредуваа фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус, на расна основа.

За четворицата навивачи кои закачиле транспарент со навредлива содржина на еден мост во Мадрид изречени се казни од по 60.000 евра и забрана за посетување на спортски натпревари во времетраење од две години. За потсетување, на транспарентот пишуваше „Мадрид го мрази Реал“, а беше и обесена кукла со ликот на Винисиус.

На навивачите кои на „Местаља“ во Валенсија го навредуваа Винисиус со мајмунски извици изречени им се глоби од по 5.000 евра и по една година забрана за посетување спортски натпревари.

Треба да знаете
Последни објави