Бевме во посета на Казандол, Грчиште, Собри, Дедели и Башибос. Народот со иста порака, вели дека се заборавени „ставени сме некаде во фиока” и тоа имавме можност да го слушнеме, истакна Анастасија Илиеска при теренските активности кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ.
Таа порача дека власта не дава поддршка за земјоделците, за лицата со социјални потреби како и во инфраструктурата и образованието.
Нема поддршка ниту за земјоделците, ниту за лицата со социјални потреби, нема поддршка во образованието, нема инфрастуктура, кажа Илиеска.
На крај Илиеска порача дека ВМРО-ДПМНЕ ја носи надежта секаде со себе и знае како треба да се решат проблемите на граѓаните.
Но, пораката е јасна, надежта ВМРО-ДПМНЕ ја носи секаде со себе. Надежта за подобро утре, затоа што ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да ги реализира и решава проблемите. Проблеми секогаш ќе има, но во 21 век луѓето треба да престанат да се занимаваат со основните потреби. Народот ги изгуби осовните работи за квалитетен живот. ВМРО-ДПМНЕ надежта ќе ја донесе, порача Илиеска.