Новиот шпански првак Барселона доби зелено светло од раководството на фудбалската Ла Лига за нивниот финансиски план за ангажман на Лионел Меси. Таткото и менаџер Жорге Меси на еден од најдобрите фудбалери во светот Лионел денеска имал состанок со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта.
Се зголемуваат шансите Лео Меси да се врати во Барселона по завршената мисија во фрнацускиот ПСЖ.
-Лео Сака да се врати во Барселона и јас би сакал да го видам него назат во Барса. Можам да кажам дека сме уверени дека тоа може да се случи. Враќање во Барселона е опција. Наскоро ќе ја знаете иднината, изјави Жорге Меси.
Состанокот меѓу двете страни се оценува како многу позитивен.