Денеска (05.06.2023) од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Секторите за внатрешни работи Куманово, Скопје, Струмица и Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамките на криминалистичка истрага која се води под псевдонимот „Исар“, беше спроведена координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група, која го извршувала кривичното дело криумчарење мигранти.
Криминалистичката истрага над организираната 17-члена група, која е дел од меѓународен канал за криумчарење на мигранти, се спроведуваше од јули 2021 година до мај 2023 година. Оваа организирана криминална група врз основа на претходен договор со лица од Србија, Бугарија, Унгарија и РСМ, организирале криумчарење на мигранти од Грција кон Унгарија и од Бугарија кон Србија, со крајна дестинација во земјите на ЕУ.

Оваа меѓународна криминална група, била предводена од М.И., С.М., Ж.К., Д.Д. и С.П., при што најпрво обезбедувале возила од рент-а-кар агенции од Скопје, Куманово и Тетово и Бугарија, а потоа ангажирале лица „возачи“ и „чистачи“ за прифаќање и превезување на мигрантите. Од страна на организаторите, преку лични средби на претходно договорени локации во Србија и Унгарија, како и преку мобилни апликации на лицата „возачи“ и „чистачи“, како и на лица организатори од Србија и Унгарија, им е испраќана точната локација за прифаќање на илегалните мигранти. Од овие локации, мигрантите биле преземани од С.И., М.Д., К.Ж., А.Т., С.С., Ш.Г., Н.М., Н.М. и М.М кои биле ангажирани во улога на „возачи“ и „чистачи“. Истите лица повремено ангажирале и други лица како возачи, за прифаќање на мигрантите.