Ковачевски да одбере – Ахмети и ДУИ или Македонија.
Ковачевски да се оттргне од прегратките на ДУИ, да дојде на лидерска.
СДС да не се однесуваат детски, лидерска средба, не е средба за ПР, туку средба од која треба да произлезат реални заклучоци.
Ковачевски да се охрабри да дојде на лидерска, на која ќе се разговара што после неуспехот на уставните измени.
Одговорност за погрешните политики, и водење на државата спротивно на ставот на 80% од Македонците мора да има.
Ковачевски мора да одбере дали ќе продолжи слепо да ги слуша ДУИ или ќе покаже малку интегритет и ќе дојде на лидерска. Време е Ковачевски да одбере – Ахмети и ДУИ или Македонија?