Серијата посети во кои ќе бидат опфатени сите Сектори за внатрешни работи низ државата, со прием на странки, a во рамки на веќе утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, е со намера на непосреден начин да бидат слушнати предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, нивните идеи и предлози за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат.
Целта е да се слушне мислењето на секој еден граѓанин како полицијата да придонесе за поголемо спокојство на секој поединец, бидејќи ние сме тука токму за граѓаните, но и да се запознаам со реализираните активности од почетокот на годината досега, како и со постигнатите резултати. На тој начин, да направиме еден сублимат на сѐ што е постигнато, но и да ги зацртаме целите за следниот период.
-Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски