На грчкиот остров Крит, во Ираклион, дошло до тепачка меѓу сопружници, по што 30-годишна жена е хоспитализирана со тешки повреди на градниот кош, грбот и горните екстремитети.
Локалните власти соопштија дека жената била избодена 14 пати, и дека веднаш била оперирана, пренесува „Катимерини“. Таа моментално е стабилна, но во критична состојба.
Повреден е и нејзиниот сопруг кој е во тешка состојба, а според медиумите се обидел да се самоубие и да ја запали куќата, но пожарот го изгаснале соседите.
Грчките медиуми објавија дека 35-годишен маж по расправија со остар предмет ја нападнал својата партнерка, по што жената истрчала кај соседите кои ѝ помогнале.