Азар ќе добие третина од годишната плата

Белгискиот фудбалер Еден Азар реши да го напушти Реал Мадрид на една година пред крајот на договорот, откако не се прослави во шпанскиот гигант по доаѓањето од Челси.

Азар имаше неколку повреди поради кои настапи на само 76 меча во периодот од 2019 до 2023 година, па поради тоа замина од Мадрид и притоа не сакал да добие пари за последната година од договорот.

„Кралевите“, сепак, решиле да му исплатат третина од годишната плата поради неговиот потег да си замине од клубот и да ослободи дел од буџетот за плати.

Треба да знаете
Последни објави