Бензема го надминува со заработувачката и Роналдо со преселбата во Саудиска Арабија

Францускиот фудбалски интернационалец Карим Бензема се збогува со шпанскиот Реал Мадрид, каде што освои буквално се што можеше на клупски и индивудуален план во најважната споредна работа на светото, па тргнал на „вистинска печалба“ на залезот од својата кариера. Според „Футмеркато“, 35-годишниот Бензема го потпиша(л) најбогатиот договор во историјата на светскиот фудбал.

Според овој медиум, францускиот интернационалец ќе потпише тригодишен договор со државата Саудиска Арабија за сума од неверојатни 600 милиони евра, а првично ќе игра за Ал Итихад. Но, ако оваа екипа не успее да избори пласман во азиската Лига на шампиони (ЛШ), Бензема автоматски ќе биде трансфериран во тимот кој ќе биде саудиски претставник во ова престижно натпреварување.

Со ова тој ќе го надмине Кристијано Роналдо, кој има две ипол годишен договор со Ал Наср вреден 500 милиони евра, додека Лионел Меси ниту од далеку не заработува толку во ПСЖ. Аргентинецот, сепак, набрзо би можел да го урне неговиот рекорд ако ја прифати понудата од Катар, чиј вкупен износ е поголем од милијарда евра.

Треба да знаете
Последни објави