Семејството Малдини кое својот живот му го посвети на Милан беше заштитен знак на италијанскиот фудбалски калчолигаш. Од стариот Чезаре Малдини, икона на Италија и црвено-црните бои, преку можеби најголемата клупска легенда Паоло Малдини, до внукот Даниеле кој неодамна играше за Милан. Од денеска за првпат после 1978-ма година во клубот нема ниту еден член од фамилија Малдини.
Милан ја заврши сезоната на четврто место во Серија А, по што сите се надеваа дека летово ќе се изгради екипа која може да го нападне „скудетото“, но така не мислел и газдата на клубот Гери Кардинале. Паоло Малдини вчера имаше состанок со Кардинале на кој побарал повеќе пари за засилувања, но тој му кажал дека такво нешто нема да се случи и побарал од него да ги намалат трошоците.
Италијанските медиуми објавија дека Малдини добил отказ поради неговите барања, па заедно со Рики Масара ќе заминат од Милан, а тоа предизвика гнев кај навивачите на калчолигашот, кои побараа од Кардинале да го напушти тимот.




