Меџити: Политика апсолутно не стои зад смената на Јовев, секаде каде што има злоупотреби ќе има санкционирање

Смената на директорот на Клиниката за кардиологија, Сашко Јовев, кој ги предводеше трансплантациите на срце во земјава, не е политичка, вели министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој денес по посетата на реновираните простории на Клиниката за ендокринологија, не сакаше да зборува за причините поради кои го разреши Јовев и најави дека попладнево на брифинг ќе ги изнесе сите детали.

„Политика апсолутно не стои зад смената на Јовев, секаде каде што ќе има злоупотреби со мене како министер, ќе има и санкционирање“, рече министерот Меџити и нагласи дека заедно со Јовев на успешните трансплантаци работел цел тим.

Мецити синоќа го разреши Јовев од функцијата директор, а смената наиде на лавина неодобрување кај јавноста, посебно кај пациентите со трансплантантирано срце и нивните семејства.

Треба да знаете
Последни објави