Припадници на српското МВР, нуркачката единица на жандармеријата, од езерото на Ада Циганлија во Белград извлекле тела на две шеснаесетгодишни деца, јави дописникот на МИА од Белград.
Претходно во полиција околу 17:30 часот беше пријавено дека голем број матуранти влегле во езерото на Ада Циганлија, а две лица не испливале.
Полициски патроли, како и Нуркачката единица на Жандармеријата, веднаш биле испратени на местото на настанот и ја започнале потрагата.
МВР уште еднаш апелира до децата и родителите да не влегуваат во езерото на Ада Циганлија бидејќи со тоа си го ризикуваат животот.
„Имајте предвид дека сезоната за капење не е отворена кај Ада Циганлија и затоа нема дежурна спасувачка служба на ова место“.