Постекоглу нов тренер на Тотенхем

Анже Постекоглу е нов тренер на амгчлискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем. Лондонскиот клуб објави дека на местото главен тренер е назначен 57-годишен трофеен австралиски тренер. Договорот е на четири години. Постекоглу ќе започне со работа со тимот на 1 јули.

Последен клуб во кој работеше му беше шкотскиот Селтик. Во сезоната 2022/23, тимот под водство на Постекоглу освои три трофеи – првенството на Шкотска, Националниот куп и Лига купот.

Постекоглу стана првиот австралиски менаџер во клуб од Премиер лигата. 

Треба да знаете
Последни објави