Ким мора да оди во војска пред да потпише за Манчестер Јунајтед

Ким Мин Џае имаше сезона од соништата со Наполи, со кој го освои Скудетото и привлече интерес од европските гиганти, меѓу кои е и Манчестер јунајтед кој веќе работи на негов ангажман.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да го купат корејскиот дефанзивец, но се појави првиот проблем за реализирање на трансферот. Ким пред да се пресели на „Олд Трафорд“, ќе мора да се врати во неговата татковина за да отслужи воен рок.

Англиските медиуми пишуваат дека Ким ќе мора да оди на воен тренинг во рок од три недели, по што ќе може да оди на медицински прегледи и да потпише за неговиот нов тим.

Треба да знаете
Последни објави