Починаа двајца затвореници во „Идризово“, едниот имал 82 години

Двајца затвореници починале во затворот „Идризово“, а еден осуденик нападнал вработен во затворот, информираше МВР.

На 06.06.2023 во 03.55 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л.(50) од Скопќ

Починатиот издржувал казна затвор од 11 години.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Од полицијата информираат дека истиот ден во 09.20 часот во СВР Скопјебило пријавено дека во установата бил пронајден починат осуденикот Б.А.(82) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатира смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Но тоа не било се вчера во „Идризово“. Според МВР, вработен во Затворската полиција пријавил дека околу 12.50 часот во една просторија во затворот бил физички нападнат од осуденикот Ф.Д.(30) од Скопје.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.    

Треба да знаете
Последни објави