Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1.2 %. Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %. Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покачени за 13.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0.7 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.9 % и Ноќевања за 3.7 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари во споредба со јануари зголемување на цените е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0,5 и Безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто.
Цените на угостителските услуги, пак, во првите два месеца од годинава година се зголемени за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година, додека во однос на декември 2022 година цените за зголемени за 0,7 отсто.
Традиционалниот доручек за скопјани за време на пауза- шкембе чорба со лепче и чашка ракија ги чини меѓу 300 и 400 денари во зависност од локалот. Чорбата се продава од 150 до 230 денари, додека лепчето е 30 денари. Ако на тоа се додаде и кафе, или еспресо или макијато за тоа ќе треба да додадат од 70 до 130 денари. Омлетот, во зависност од додатоците се продаваат од 150 до 220 денари.
За излегување на ручек или вечера скопјани имаат голем избор, од ланч барови до традиционални кафеани и луксузни ресторани.
Без да се навлегува во специјалитетите на секој од нив, ручек или вечера започнува со ракија која најчесто е 100 денари и „шопска салата“ над 170 денари. За мезе пилешки прсти во просек 250 денари, похувани или чипс тиквички од 160 до 240 денари.
За ручек „шарска“ плескавица од 210 до 310 денари, ражнич или вешалица-свински од 210 до 400 денари, порција помфрит од 110 до 150 денари, нафора од 90 до 140 денари.
Љубителите на пасти, болоњезе или карбонара ќе платат од 320 до 380 денари порција.
Чаша вино чини од 200 до 250 денари, додека шише од 075 литри се продава од 700 до 1000 денари, пивата-било од шише или точено во зависност од марката се продаваат од 110 до 180 денари, а чаша виски 200 денари.
Цените на алкохолните пијалоци во каулињата се поевтини, се движат од 80 денари за газирани сокови до 120 денари за пиво, со забелека дека цените во дискотеките се повисоки, па пивото се продава за 200 денари.
За време на летниот период голема е понудата на музички настани. Покрај културните настани балканските естрадни звезди имаат свои настапи во нашата земја. На брегот на Дојранското езеро на почеток на Јули ќе се одржи Д-фестивал, цената на билетот е 1300 денари за тридневно музичко доживување. За споредба, цената на билетот за Д-фестивал пред 2 години бил дупло поефтин.
Во Охрид, како наш најголем туристички центар свои настапи имаат закажано голем број на балканските музички звезди. Па така, доколку сакате да присуствувате на концерт на Ацо Пејовиќ треба да платите 700 денари за влез, а пак за карта и чаша вино цената изнесува 2.000 денари.
За влез на далматинската музичка звезда Петар Грашо треба да одвоите 600 денари, Теа Таировиќ 500 денари, Аца Лукас 600 денари…Љубителите на џез музиката кои што сакаат да присуствуваат на овогодинешното издание на ОфФест тридневната карта ќе ги чини 2500 денари.



