Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на прес конференција најави зголемување на платите во јавниот сектор- за медицинарите и за просветарите.
-Имаме една област каде заработката не е иста со платите, туку е мала. Донесовме одлука за зголемување на платите особено во образованието. Од 1 септември за два и пол месеци ќе ги зголемиме платите за 5,5 отсто плус од 1 декември уште 10 отсто, што е кумулативно зголемување на платите за 16 отсто. Ова ќе значи зголемување на платите за 143.867 вработени во образованието Голем пораст на платите има во образованието. Во јануари имавме пораст од 12,5 отсто, со ова од септември и декември кумулативно одиме на 30,6 отсто, објасни претседателот.
Според него, слично е и со медицинарите.
-Имаме вкупно 59.128 медицински сестри и техничари. Според истото правило, од 1 септември ќе имаат 5,5 отсто и во јануари 10 отсто, што е кумулативно ново зголемување од 16 проценти. Сакаме да ја покажеме таа грижа за оние кои ги извршуваат најтешките работи во нашето здравство, рече Вучиќ.
Тој се надева дека ќе имаат сили за зголемување од околу 11 отсто за лекарите, армијата…
Вучиќ вечерва на конференцијата најави дека сите деца до 16 години ќе добијат по 10.000 динари.
-Имаме нова мерка. Донесовме одлуки и мислиме дека го направивме тоа добро. Сега донесовме одлука да даваме по 10.000 динари за секое новородено дете од еден ден до 16 години. И тоа им го даваме на мајките, тие пари ги добиваат на сметка. Ако имаат две деца, ќе добијат 20 илјади. Пријавувањето трае од 20 август до 15 септември, уплатата е околу 25 септември. Ако децата ги чува самохран татко, тој ќе добие пари, или старатели, ако нема мајка и татко, вели Вучиќ.