До денес најскапо засилување на Реал беше Еден Азар кој пред четири години дојде од Челзи за 115 милиони, а од денеска тоа е Џуд Белингем.
Младиот Англичанец дефинитивно е новиот играч на Мадрид, пишува „Марка“.
Работата е завршена, Белингам пристигнува од Борусија Дортмунд, кој го потврди трансферот – Реал на германскиот тим ќе му плати 103 милиони евра фиксни, плус 31 милион бонуси. Вкупно – 134 милиони, најмногу во историјата на „кралскиот клуб“.
Белингем ќе потпише договор со Реал до 2029 година, а до крајот на неделата ќе биде на лекарски преглед.
Преговорите околу доаѓањето на англискиот репрезентативец во Мадрид завршија пред два дена во Лондон. Во оваа трка Реал ги победи Манчестер Сити и Ливерпул на кои играчот директно им најави дека кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.
Белингем има 19 години, кариерата ја започна во Бирмингем од каде пред две години пристигна во Борусија Дортмунд.
Сезонава одигра 42 натпревари во сите натпреварувања во дресот на „милионерите“, а постигна 14 гола, со седум асистенции.
Бирмингем претходно го повлече дресот со број 22 кој го носеше Белингем.
⚪️ Jude Bellingham es nuevo jugador del Real Madrid
💸 El Borussia de Dortmund ha hecho oficial el traspaso por una cantidad de 103 millones
😳 Uno de los fichajes más caros de la historia del Real Madrid
✍️ Firma por seis temporadas pic.twitter.com/QzXB5wogMD
— MARCA (@marca) June 7, 2023