Битиќи: Економските политики за зачувување на животниот стандард на граѓаните покажуваат резултати

Фејсбук статус на Фатмир Битиќи

„Економските политики за зачувување на животниот стандард на граѓаните покажуваат резултати. Официјалните податоци од државниот завод за статистика ги потврдуваат нашите заложби и прeземени чекори за намалување на инфлацијата и зголемувањето на платите во нашиот мандат.

Инфлацијата за месец мај 2023 е на ниво од 11,3% споредено со истиот месец од 2022 година, но трендот на намалување на инфлацијата е очигледен, од 19,8% во октомври 2022 година на 11,3 % за претходниот месец.

А од друга страна го имаме растот на платите кој за првите три месеци се движи во интервалот од 12,4% до 13,2% повисока просечна плата споредено со истиот период од 2022.“

Треба да знаете
Последни објави