Вест Хем во драматичен финиш ја совладаа Фиорентина за прв трофеј по 42 години

Вест Хем го освои првиот трофеј во клупската историја по 1980 година и ФА Купот и тоа на драматичен начин: Лига конференцијата вечерва во Прага заврши со победа на лондонските „чекани“ над Фиорентина со резултат од 2:1 кој го постави Боуен во 90. минута.

Пред овој трофеј, Вест Хем на евро-сцената го имаше подигнато само пехарот од Купот на победниците на куповите во 1965 година, додека во 1999 година беше освојувач на Интертото купот со Јувентус и Монпеље и со нив отиде во Купот на УЕФА.

Каков финиш на натпреварот и каква ноќ за тренерот на „чеканите“ Дејвид Мојс, кој стана само вториот шкотски специјалист кој го освоил европскиот трофеј. Пред него тоа му успеа само на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Вест Хем ќе игра во Лига Европа, а тоа ја спречи Фиорентина да стане вториот италијански клуб во низа што го освоил ова натпреварување, откако минатата сезона Рома го крена трофејот.

Што се однесува до играта, првото полувреме не беше баш интересно. Единствено за споменување беше голот на напаѓачот на Фиорентина, Лука Јовиќ во самиот финиш, но оправдано беше поништен поради тоа што српскиот напаѓач беше во офсајд.

Сепак, многу возбудувања се забележаа во продолжението од играта. Клубот од Лондон поведе во 62. минута кога од белата точка прецизен беше Саид Бенрама. Сепак, Фиорентина брзо се опорави од шокот и израмни по само пет минути преку Џакомо Боневантура.

И кога сите во „Фортуна Арена“ , но и гледачите крај малите екрани помислија дека ќе се играат продолженија, следеше студен туш за тимот од Фиренца. Се играше 90. минута кога Џерод Боуен побегна од одбраната на Виолата, се најде пред Теретијан и ја погоди мрежата за победа на Вест Хем.

Треба да знаете
Последни објави