Зверев трета година по ред е во полуфиналето на Ролан Гарос


Германскиот тенисер Александар Зверев трета година по ред ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос.

Зверев денеска во четвртфиналето на вториот Грен слем го елиминира Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери – 3:1 (6:4, 3.6, 6:3, 6:4).

Германецот пред две години загуби од Стефанос Циципас во полуфиналето, додека лани на мечот со Рафаел Надал тешко се повреди, па мораше долго да паузира долга.

„Најтешката година во мојот живот. Го сакам тенисот, а тоа ми беше одземено. Среќен сум што се вратив овде, во полуфинале сум, продолжувам да се борам за титулата. Се надевам дека заслужено победив“, изјави Зверев по пласманот во полуфиналето.

Зверев го „доби“ првиот сет во седмиот гем кога го направи единствениот брејк, но во вториот возврати Ечевера, кој двапати му го одзеде сервисот на ривалот и израмни.

Аргентинецот денеска одигра добро, а на почетокот од третиот сет направи брејк и поведе со 2:0. Потоа следеше пад, Зверев врза пет гема и уште еднаш стигна до предност во сетови.

Во четвртиот сет Ечевери пропушти четири брејк топки, а потоа во седмиот гем Зверев направи брејк и го реши прашањето за победникот.

„Ечевери играше фантастичен тенис, ме потсетува на Дел Потро. Фантастичен играч, со ваква игра може да освојува турнири и да биде меѓу првите десет во светот“, изјави Зверев.

Зверев со аплауз го испрати својот ривал од теренот.

Германецот во полуфиналето ќе игра со победникот во скандинавското дерби вечерва, меѓу Данецот Руне и Руд од Норвешка.

Првиот полуфинален меч е меѓу првиот и третиот светски рекет-Алкарас и Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави