Интензивните теренски активности на СДСМ денеска продолжуваат во повеќе населени места ширум републиката. Рамо до рамо со жителите од Чешиново Облешево денеска беа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и Митко Трајчулески, претседател на партиската комисија за транспорт и врски.
-СДСМ денеска повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека интересот на земјата за нас е на прво место. Затоа и предложивме обединување околу европскиот концепт, ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи во обединета Влада за европска интеграција на паритетна основа. Одлуката за ЕУ треба да е заедничка, затоа и повикуваме на обединување околу стратешкиот правец на земјата, за обезбедување европска иднина и исполнување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ. Добро е што се направи чекор во однос на дијалог со опозицијата и тоа што гледаме дека има промени во нивниот став, не се против уставните измени само споменуваат некакви услови. Дијалогот треба да продолжи и на крајот сите заедно да изградиме заеднички став, земјата да го продолжи патот кон полноправно членство на ЕУ. Изборот пред секој политички субјект е интеграција во ЕУ или изолација. Нема веќе изговори, време е за одговорност од сите чинители за иднината на земјата, рече Зечевиќ.
Не смееме да ја блокираме европската иднината на идните македонски генерации, затоа што гласот за Европа е глас за вградување на македонскиот идентитет во европскиот, додаде Зечевиќ.
-Гласот за Европа е глас за Европска заедница во која македонскиот јазик и идентитет се признаени, рамноправни, рамо до рамо со големите европски народи, заедница во која македонскиот идентитет и јазик ќе го збогатат европскиот идентитет и култура, додаде Зечевиќ.
Претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, зборуваше за инвестициите на СДСМ во модерна патна мрежа, како еден од основните услови за развој