Акција за тркалање на „Рециклирана топка“ кој е партиципативен уметнички проект инициран од авторите Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин ќе се одржи денеска во Скопје.
Тие изминативе години заедно работат под слоганот Two artists one planet и се на постојано патување од Јужна Африка преку Европа до Индија, а во моментов се на едномесечен проектен престој во Скопје. За време на својот престој тие работат со пронајдени предмети и со ѓубре кое го користат за да создаваат звук и уметност.
Преку оваа акција авторите сакаат да ја подигнат свеста за ѓубрето, потрошувачката и рециклирањето.
-„Рециклираната топка“ е последната активност од нивниот едномесечен престој во Скопје во партнерство со Гете-институт Скопје и во соработка со Акто Фестивал КСП Центар -Јадро.