Скандал на финалето на Конференциската лига: Фудбалер на Фиорентина удрен со чаша во глава, веднаш потече крв

Првото полувреме од големото финале на Конференциската лига меѓу Фиорентина и Вест Хем остана во сенка на срамниот инцидент во кој фудбалер на италијанскиот тим беше удрен со чаша во главата.

Имено, во 33. минута од натпреварот Кристијано Бираги требаше да изведе корнер, но во еден момент од трибината на која беа навивачите на Вест Хем во главата му влета чаша.
Бираги потоа веднаш се сврте кон Англичаните и иронично почна да им аплаудира за да сфати дека не е се безопасно.

Имено, веднаш потече крв од главата, а судијата беше принуден да го прекине натпреварот на неколку минути за да му помогне на Италијанецот.

Откако лекарската служба си ја заврши работата, натпреварот продолжи.

Како увертира на напреварот кој се игра во Прага се случи инцидент кога група симпатизери на Фиорентина нападнаа навивачи на англискиот тим.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА И ТУКА

Треба да знаете
Последни објави