Баерн летово реши да направи голем број на промени во тимот. Тренерот Томас Тухел го воведува својот систем на работа, што значи продажба на неколку големи ѕвезди.
Листата на заминувања ја предводи Сенегалецот Садио Мане. По само една сезона во Минхен, 31-годишниот фудбалер доби отказ и Тухел не смета на неговите услуги, иако Мане сака да остане.
Меѓу оние кои можат да заминат се Лирој Сане и Серж Гнабри. Нивното влијание врз играта во претходните години беше огромно, но Тухел има други планови и не му требаат нивните услуги.
Отпишан е и десниот бек Боуна Сар. Тој одамна не е во плановите на клубот и е веројатно најголемиот неуспех на Хасан Салихамиџиќ за време на неговиот престој во клубот, а излезната врата му беше покажана и на голманот Александар Нибело.Тој не сакаше да биде број два во клубот. Тоа јасно го истакна претходната година кога одби да биде замена за Мануел Ноер, па беше позајмен во Монако. Сега конечно може да замине.
Марсел Сабицер немаше голема доверба од поранешниот тренер Џулијан Нагелсман. Затоа замина на позајмица во Манчестер Јунајтед, но нема да има место ниту кај Тухел, а може да бара нов клуб.
Списокот го завршува францускиот дефанзивец Бенжамин Павар. Тој со месеци сака да го напушти клубот и конечно може да му се оствари желбата. Барселона и Манчестер Сити се на списокот на екипи кои го посакуваат и ќе биде интересно да се види каде ќе заврши сигурниот дефанзивец.