Легендата на украинскиот фудбал Сергеј Ребров е именуван за нов селектор на Украина.
Со нов селектор на клупата Украина ќе пристигне во Скопје на натпреварот против Македонија во квалификациите за ЕП 2024 кој се игра на 16. јуни на арената „Тодор Проески“.Фудбалската федерација на Украина денеска официјално го промовираше Ребров како свој нов селектор кој ќе треба да се обиде да ги однесе Украинците на завршницата од ЕП-2024.