Бразилската тенисерка Беатрис Хадад Маја и најдобрата тенисерка на светот Ига Шфјонтек денеска се пласираа во полуфиналето на Ролан Гарос.
Хадад Маја ја елиминираше седмата тенисерка во светот Онс Џабур од Тунис со 2:1 (3:6, 7:6, 6:1), додека Шфјонтек беше подобра од Коко Гоф со 2:0 (6:4, 6:2. ).
Хадад Маја триумфираше над Онс Жабур по два часа и 29 минути.
Тенисерките направија пет брејка во првиот сет, Жабур уште еден, па таа поведе во мечот.
Во вториот сет немаше брејк и се играше тај-брејк кој Хадад Маја го доби со 7:5.
Таа доминираше во решавачкиот сет ѝ даде само еден гем на противничката и за прв пат во кариерата се најде меѓу четирите најдобри на Грен слем турнир.
Таа стана првата бразилска тенисерка која по 45 години стигнала до полуфинале на Грен слем турнир.
И Ига Шфјонтек продолжува со убедливи партии во Париз. Најдобрата светска тенисерка по 90 минути ја елиминира Американката Коко Гоф.
Шфјонтек продолжи со извонредни игри, а денеска веќе во четвртиот гем стигна до брејк и водство – 3:1. Сепак, веќе во следниот гем Гоф го врати брејкот, намали на 3:2, а потоа израмни (3:3).
Потоа до десеттиот гем и двете тенисерки беа сигурни, а потоа во десеттиот гем Шфјонтек направи брејк со нула и поведе со 1:0 во сетовите.
Немаше голема неизвесност во вториот сет. Полјачката зеде четири гема по ред и го реши мечот.
Двојката за другото полуфинале е Мухова (Чешка) – Сабаленка (Белорусија).
Наградниот фонд на „Ролан Гарос“ изнесува 49,6 милиони евра.