(Видео) Тифозите на Фиорентина ги нападнаа навивачите на Вест Хем во Прага

Навивачите на Фиорентина нападнаа симпатизери на Вест Хем во бар во центарот на Прага пред финалето на натпреварот од Конференциската лига, соопшти денеска чешката полиција.

Во инцидентот повредени се тројца навивачи на Вест Хем и еден полицаец, додека 16 лица се приведени, соопшти полицијата.

Истрагата е во тек и не се соопштуваат повеќе детали.

Илјадници навивачи на Вест Хем и Фиорентина пристигнаа во Прага за финалето на Конференциската лига што ќе се одржи на стадионот „Еден Арена“ на Славија Прага.

Организаторите подготвија посебни фан зони за навивачите на двата клуба кои немаат билети за натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави