Извори од Влада брифираат дека премиерот Димитар Ковачевски на лидерската средба со Мицкоски доаѓа со план и конкретни 3 предлози.
Дел од 3 те предлози на Ковачевски, како што дознаваме се заеднички партиите да застанат зад уставните измени и европската иднина на земјата, да ги изгласаат во Собранието. Вториот предлог е веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат, обединување околу стратешкиот интерес на земјата но му дава излез на Мицкоски со оглед на тоа што неговото клучно барање се избори.