По долги перипетии, падна договор за одржување на лидерска средба.
Таа ќе се одржи денес но на неа наместо да бидат присутни сите лидери на политички партии, ќе учествуваат само премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ваквиот формат на средба доаѓа по барање на Мицкоски, што во јавноста отвори прашања кои се неговите мотиви за таквото инсистирање да се види со Ковачевски на само?
Ковачевски и владејачката СДСМ сметаат дека Мицкоски нема доверба во никој од актуелното раководство па оттаму и условувањето да има тет а тет средба наместо поширок формат.
Некои аналитичари сметаат пак дека Мицкоски сака да прави некако вид на „пазар“ со Ковачевски далеку од очите на партиското раководство.
Во предвидувањата најекстремно одат одредени групации на сегашни и поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека Мицкоски на средбата „ќе ја продаде каузата“ и ќе се договори да даде поддршка на уставните измени во замена за негова.
Што од ова е вистина или дали таа е помеѓу сите тие три екстреми ќе покаже уште утрешниот ден по финишот на средбата.
Каков и да е исходот, станува збор за еден важен политички процес за иднината на државата кој полека но сигурно влегува во своето финале, процес кој може или да ги сплоти сите политички субјекти или да донесе уште поголема поларизација во македонското општество.