Меси ги одби саудиските милијарди, но не се враќа во Барса- преминува во Интер Мајами

Се чини дека Каталонците сепак нема да ја гледаат бајката. Лионел Меси ја одбра својата следна дестинација, а тоа ќе биде американскиот Интер Мајами, пренесува Би-Би-Си.

Тоа не е официјална информација, но споменатиот медиум тврди дека тоа е епилогот од големата приказна за заминувањето на Меси од Пари Сен Жермен.

Договорот од Мајами вклучува соработка со брендови како Адидас и Епл, не се наведува точно колку Аргентинецот ќе заработува по сезона, но тој ја избра МЛС откако не пристигнала задоволителна понуда од Европа.

Се навестуваше и дека ќе замине во Саудиска Арабија – Ал Хилал од април веќе две сезони има понуда од една милијарда евра на маса, но Меси го избра Интер Мајами делумно поради маркетиншките придобивки и животот во Америка. Таму веќе поседува куќа која до сега ја изнајмувал.

Меси сакаше да се врати во Барселона, но финансиските ограничувања го направија тој трансфер невозможен, иако претседателот на клубот Жоан Лапорта периодично нудеше многу пооптимистичка приказна за навивачите на шпанскиот гигант.

Интер Мајами, чиј основач и мнозински сопственик е Дејвид Бекам, се обидуваше да го донесе Меси и во претходните години. Како што стојат работите, се чини дека овој пат им успеа.

Треба да знаете
Последни објави