Меси: Одам во Мајами, сакав да се вратам во Барселона, но по се што искусив кога си заминував, не сакав пак да се најдам во истата ситуација

Лионел Меси во интервју за Мундо депортиво официјално потврди дека кариерата ќе ја продолжи во САД, во дресот на Интер Мајами. Аргентинеот откри зошто не се вратил во Барселона и потврди дека не се водел по парите, па затоа не се преселил во Саудиска Арабија.

-Готово е, се знае мојата одлука. А таа е дека ќе играм за Интер Мајами. Ја напуштам Европа. Имав понуда од друг клуб од Европа, но јас можев и сакав да играм само за Барселона. Откако оваа опција се виде е неможна одлучив својата кариера да ја продолжам во Мајами. Навистина сакав да се вратам во Барселона и бев возбуден, но, на другата страна, по се што искусив кога си заминував, не сакав да се најдам во истата ситуација пак. Точно е дека Ла Лига дозволи преговори за мое враќање, но повторно имаше уште многу работи кои требаше да се кристализираат. Слушнав дека Барслеона треба да продава играчи, да крати плати за да се вратам јас, а искрено, не сакав да минувам низ тоа. Веќе бев обвинет за многу работи кои беа невистинити додека бев во Барселона и веќе сум малку изморен од тоа, не сакав повторно да минувам низ истото. Имав страв дека може да се повтори ситуацијата од пред две години, бидејќи по заминувањето завршив во Париз и минав две години во хотел. Овојпат јас сакав да донесам одлука, а истата гласи дека не се враќам во Барселона. Иако многу сакав, не можеа да се реализираат сите работи. Полека влегувам во период во кој сакам да бидам понастрана од центарот на вниманието и сакам повеќе да мислам на моето семејство. Се плашев од истото нешто, затоа ја одбив Барселона. Да чекам што ќе биде и да ја оставам мојата иднина во нечии други раце. Донесов сопствена одлука, откри Аргентинецот.

Треба да знаете
Последни објави