СДСМ секојдневно е меѓу народот, со граѓаните. Во рамки на караванот теренски активности „Рамо до рамо до победа” денеска потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска беше во општина Куманово, каде со граѓаните зборуваше на повеќе актуелни теми, а се осврна и на денешната лидерска средба.
– Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не се против уставните измени. СДСМ покажа државнички капацитет и рековме денеска, обединета Влада за европска интеграција. Ова е премногу важен процес за нашата иднина и потребна е вклученост од сите политички субјекти. Членството во ЕУ е врвен национален интерес и тоа не е процес на една партија или на еден поединец и токму затоа потребно е да изградиме национално единство, да ги заокружиме процесите и преговорите за членство во ЕУ да ги завршиме во следните неколку години, истакна Костадиновска Стојчевска.
Нашите граѓани, додаде таа, заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, во својата држава и затоа сите заедно треба да избереме интеграција наместо изолација.
Во општина Кичево беа Магдалена Грашковска и Дарио Николовски кои пред присутните истакнаа дека СДСМ преку навремени и ефикасни мерки и проекти успешно се справи со сите кризи и дека сега за разлика од неколку години претходно во државата се случува енергетска трансформација со кој државата ја зајакнува својата енергетска независност.
Меѓу граѓаните на Охрид беа Вангелија Велева и Пеце Мирчевски каде порачаа дека со изградбата на Коридорот 8 овој регион од државата ќе биде уште подобро поврзан и со останатите градови во државата но и со соседна Албанија и пристаништето во Драч и сето тоа ќе донесе дополнителни можности за забрзан економски развој.