Том Холанд зема една година одмор.
27-годишниот актер е и продуцент и глуми во мини-серијата „Преполна соба“ (The Crowded Room), психолошки трилер, но призна дека проектот бил толку интензивен што сега мора да направи подолга пауза надвор од светлото на рефлекторите.
Во американската ТВ-емисија „Екстра“ тој рече : „Сакам да учам нешто ново, на пример како да станам продуцент. Не ми е непозната напорната работа. Отсекогаш сум живеел според идејата дека напорната работа е добра работа. Навистина уживав, но сега сум како скршен“.
Том Холанд на премиерата на „Преполна соба“
„Дојде момент кога си реков: под хитно ми треба пауза. Исчезнав. Отидов во Мексико една недела и уживав на плажа. А сега земам една година одмор, а тоа е резултат на тоа колку тешка беше оваа серија.“
Ѕвездата на последниот филм за Спајдермен, „Човек-пајак: Далеку од дома“, кој ја започна својата кариера како дете актер кога ја презеде главната улога во Били Елиот мјузиклот во лондонскиот Вест Енд, објасни дека кога е далеку од светот на филмот, тој ужива во своето слободно време со семејството и во активности како што е голфот.
„Патував малку и одлично си поминав. Се гледав со моето семејство. Се гледав со моите пријатели. Играв голф. Одев во градинарскиот центар, купував растенија и ги садев.“
„Се обидов да бидам обично момче од Кингстон и едноставно да се опуштам.“