Украинското Министерство за одбрана објави фотографија за која тврди дека го прикажува градот Херсон, еден ден по поплавата предизвикана од уништувањето на браната во хидроцентралата Нова Каховка.
„Ова е Херсон денеска. Русите се обидоа со се што можеа да го освојат овој град. Испратија војска, го гранатираа, го поплавија. Не успеаја во ништо. Така и ќе продолжи. Како во Херсон, така и на други места во Украина“, соопшти украинското Министерство за одбрана.
Како потсетување, Херсон е единствениот главен град на украински регион што Русите го окупираа на почетокот на инвазијата, а потоа се повлекоа од него под притисок на напредувањето на украинските сили, за на крајот и да го ослободат.