Душан Митрев е новиот генерален директор на Пивара Скопје.
Митрев одлично ја познава компанијата, бидејќи своето знаење, искуство и менаџерски вештини ги градеше токму во Пивара Скопје. Имено, во 2010 година тој му се приклучи на тимот на Пивара, во секторот финансии, каде преку посветена работа и континуирано учење напредуваше низ различни позиции, сѐ до позицијата финансов директор на компанијата во 2016 година.
Потоа, во 2019 година, продолжи во секторот комерција како менаџер за продажба на клучни купувачи.
Во изминативе три години Митрев ја извршуваше функцијата директор на продажба на Coca-Cola HBC во Босна и Херцеговина, каде благодарение на неговата посветеност, тимска работа и лидерство, компанијата забележа исклучителни продажни резултати, унапредувајќи ја и зацврстувајќи ја својата пазарна позиција.