Османи на состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денес учествуваше на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија, во организација на Државниот секретар на САД, Антони Блинкен и Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд.

„Северна Македонија како дел од Коалицијата но и како актуелен претседавач на ОБСЕ е целосно посветена на борбата против тероризмот и превнцијата од насилниот екстремизам, што се и важен дел од анти-терористичките активности на ОБСЕ. Северна Македонија како мултиетничка и мултикултурна демократија, која негува култура на заеднички со-живот придава особено значење на борбата против тероризмот преку донесените национални стратегии за борбата против тероризам и акциските планови во кои се содржани мерките и активностите што се преземаат на национално ниво”, истакна Османи.

Во своето обраќање, министерот Османи ја потенцираше потребата од сеопфатни и координирани активности како одговор на предизвиците што се уште постојат на Блискиот исток, Африка и Централна Азија и покрај значителниот прогрес постигнат во борбата против ИСИС од страна на Коалицијата и ја реафирмираше посветеноста на земјата да продолжи  со справување со сите безбедностите предизвици, вклучувајќи ја борбата против ИЗИС и сите терористички организации преку тесна соработка со меѓународната заедница и со соседните земји.

На маргините на состанокот на Коалицијата, МНР Османи имаше одвоени средби со: Државниот секретар на САД Антони Блинкен и советникот на Стејт департментот Дерек Шоле,  Министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Белгија и Кипар, Фаисал бин Фархан Ал-Сауд, Хаџа Лабиб и Константинос Комбос, како и други високи претставници.

Инаку, на овогодишниот министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против Даеш/ИСИС учествуваа 73 претставници од вкупните 86 земји од сите пет континенти што се дел од Коалицијата.

Треба да знаете
Последни објави