Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денеска оствари средба со Сенаторите на Чешкиот парламент, Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и конзулот Давид Чернохорски. На средбата е потврдено дека соработката со Градот Скопје која е интензивна во изминатата година, поттикна отпочнување на бројни квалитетни заеднички иницијативи и проекти.
Со Претседателот на Комисијата за економија, земјоделство и транспорт на Чешкиот парламент, Мирослав Плевни, заменик претседателот на Комисијата за енергетика и транспорт Онджеј Фебер, претседателот на Поткомитетот за енергетика и транспорт, Михал Кортиш, членот на Комисијата за земјоделство, Ростислав Коштиал како и со Андреа Јонузова секретар на комисијата се потенцираше континуитетот на добрите пријателски билатерални односи меѓу Македонија и Чешка.
Оваа пријателска средба ќе придонесе за продлабочување на меѓусебната соработка како и продолжување на меѓусебната размена на знаења и искуства во повеќе области при реализација на заедничките иницијативи.